Маска за лице наместо пластична операција (видео)

Американска компанија од неодамна нуди бизарни женски маски за лице, по цена од неколку стотина долари, како алтернатива за скапата и болна техника на пластичните операции за разубавување на лицето.

Маските под името „Uniface” се дело на дизајнерката Жујонг Ли, која живее во Њујорк, а ги произведува овие маски ветувајќи дека нивното користење ја зголемува самодовербата. Истите се направени од бионичка кожа, со цел полесно да се припиваат до ликот.

„Нашите маски го исполнуваат сонот на секој кој сака да има лице кое се мери според денешните стандарди за убавина. Во нив можете да пронајдете џиновски аниме очи, долги трепки, висок нос и ниска брада, па така за цел живот да си обезбедите самодоверба“, се вели во рекламата за овој производ.

„Време е да се откажете од болните и опасни пластични хирургии и шминката, затоа што со оваа маска сте еден чекор до идеалната убавина. Едноставно нанесете го специјалчниот лепак на местата на кој е тоа предвидено и ставете ја маската на лицето…Вашиот живот ќе започне со тој чекор“, стои во рекламата.

http://youtu.be/8ENvI_Hloso

 

 

- Реклама -