Маска за iPhone 5 што двојно ја штеди батеријата

Производителот Mophie ја претстави третата маска наречена Juice Box која има двојна улога за iPhone 5. Освен што служи како надворешна заштита, таа истовремено ја штеди неговата батерија и ја зголемува просечната употреба.

Со Mophie Juice Box вашиот iPhone 5 ќе добие за 120% поголема искористеност на батеријата која во просек работи 8 часа. Овој производ со функција на дополнителна батерија ќе има три бои бела, црна и црвена.

Самата маска нема премногу да ја зголеми тежината на вашиот iPhone 5 и одлично се вклопува во неговиот дизајн. Цената на Mophie Juice Box изнесува 120 долари и може да се порача од сајтот на производителот.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -