Утринско гостување, опуштена атмосфера, лабави теми, па дури и партија пантомима – сѐ одеше добро во емисијата „Магазин“ на ТВ „Сител“, сѐ додека гостинот – скопскиот градоначалник Петре Шилегов, не се занесе во објаснувањето на поимот, па маската ја употреби за нешто за што не е предвидена да се користи. Во тој кобен момент, Шилегов ја принесе маската до носот и… го забриша како со марамче.
За утеха на Петре, ама на општа жал, ова не е прв пример од овој тип во регионот. Тука веднаш ни текнува на Мицкоски кога во предизборна кампања во Јегуновце се поздравуваше со куп луѓе и потоа со истите ракавици си касна од лепчето со кое го пречекаа. Секако, не можеме да го заборавиме и бугарскиот премиер Бојко Борисов, кога маската ја стави преку очи зашто имал голем нос/уши. Пс. Нека ни прости некој ако го заборавивме.