Маска од мед за подмладување

Кога ќе кажеме мед и млеко помислуваме на сите благодети на овој свет, а овој пат ви носиме рецепт за благотворна маска од мед за лице.

Дали сте знаеле дека медот е најдобар лек против мозолчињата и сувата кожа и дека го забавува појавувањето на бори на лицето? Маската од мед се користи одамна, а ако не сте наследиле некој рецепт, запамтете еден од овие, во зависност од намената:

Маска од мед за сува кожа

honey-face-mask

Состојки: 1 јајце, 1 лажица мед

Подготовка: Помешајте ги јајцето и медот, нанесете ја маската на лице и оставете ја од 15 до 20 минути. Измијте ја со млака вода.

Маска од мед против акни

miere

Едноставно нанесете лажичка мед на чиста кожа и оставете 15 минути. Измијте со топла вода.

Прочитајте и:  (ВИДЕО) Има 41 година, нема ниту една брчка и изгледа како да има 25, тврди дека тоа е благодарение на еден напиток

За да се ослободите од мозолчињата, нанесете мед директно на мозолчето и тоа пред спиење. Ставете газа. Медот ќе го држи стерилно подрачјето околу мозолчето  и ќе спречи ширење на бактериите.

- Реклама -