Масивен воздушен напад врз ИСИС во Сирија, Франција фрли 20 бомби во Рака

Француски борбени авиони започнаа со најголемите напади во Сирија, Рака за одмазда врз ИСИС само два дена по нападите во Париз во кои загинаа околу 130 луѓе.

Станува збор за воздушен напад со 10 борбени авиони лансирани од Обединетите Арапски Емирати и Јордан, наведува француското Министерство за одбрана.

Во соопштението се вели дека во мисијата биле фрлени 20 бомби.

Операцијата беше спроведена во координација со воените сили на САД, изјавија француските власти. Во нападите потполно е уништена командата и тренинг кампот на Исламската држава, тврди фрацуското министерство за одбрана, јавува АФР.

„Првата уништена цел беше командниот пункт, џихадистички регрутен центар и магацин за оружје и муниција. Втората цел беше терористичкиот тренинг-камп“, рече Министерството во соопштението, додавајќи дека во нападите биле погодени околу 30 цели.

Прочитајте и:  „Фигаро“ ја повлече веста дека Франција и Велика Британија и дозволиле на Украина да нападне длабоко на територијата на Русија

Raid aérien français sur Raqqah en SyrieRaid aérien français sur Raqqah en Syrie :1 centre de commandement et 1 camp d’entraînement de Daech détruits.

Posted by Armée française – opérations militaires OPEX (page officielle) on Sunday, 15 November 2015

France Drops 20 Bombs On IS Stronghold Raqqa

https://t.co/U6r06wlulx
— Jerry Maguire (@Irish0078) November 15, 2015

- Реклама -