Машните и машничките повеќе не се резервирани само за малите девојчиња и сѐ повеќе е видлива нивната употреба кај возрасните љубителки на модата, кои пак пронајдоа нов начин да го збогатат својот изглед.
Со тоа, полека но сигурно, ова се претвори во еден од најжешките трендови за оваа сезона, па виден е и меѓу познатите личности како што е пејачката Кејти Пери или глумицата Зои Десчанел.
Ако и самите сакате да го пробате овој тренд, ние ви предлагаме да ја разледате галеријата фотографии подоле, кои можат да ве инспирираат да го направите составен дел од вашиот изглед.