Масакр во училиште во Калифорнија

Напаѓач отворил оган во основно училиште во Калифорнија, при што се убиени најмалку пет лица во округот Техама, пренесуваат медиумите.

Нападот се случил утрото кога учениците пристигнувале во училиштето, а тој почнал да пука и во деца и во родители и наставници. Подоцна напаѓачот бил убиен од страна на полицијата.

Според првичните информации, загинал најмалку еден ученик од училиштето каде се случил нападот. Сведоците кои живеат во близина на училиштето тврдат дека се чуле најмалку 90 истрели. Други пак, тврдат дека напаѓачот веќе имал криминално досие откако веќе еднаш бил во затвор, бидејќи избодел девојка. Неговото име уште не е позанто на јавноста, а според првичните информации, не се работи за напад со терористички мотив.

Прочитајте и:  Дуда: Зеленото светло од САД за напади во внатрешноста на Русија може да биде одлучувачко за војната
- Реклама -