За да го подготвите овој рецепт, потребни ви се следнице состојки:1 кг. цреши ( може и со капини)
1 кг. рибизли
1 кг. малини
1,5 кг. шеќер
Подготовка
1. Секое овошје одвоено измијте го и оставете го да се исцеди.Извадете ги семките од црешите. Шеќерот со малку вода кратко сварете го и отстранете ја пената. Кога ќе почне да врие, додадете ги црешите и варете околу 10 минути. Додате ги рибизлите на уште 10 минути и на крајот малините.
2. Варете додека не се појави трага на дното од тенеџерето, која се гледа кога лажицата оди до дното. Оладено сипете го загреана тегла и ставете го во рерна, додека површината на мармаладот не фати кора.
3. Оставете го во рерна да се оладо преку ноќ, па следниот ден, затворете ја теглата.