Maрмалад од лубеница

Засладете се освежувајќи со овој мармалад од лубеница.
Состојки:

2 кг. лубеница

2 кг. шеќер за желирање

сок и кора 6 плодови лимон

Подготовка

Лубеницата исечете ја на половина, а потоа и на парчиња. Исчистете ги семките, отстранете ја кората, па „месото” од лубеницата исечете го на коцки.

Лубеницата помешајте ја со шеќер за желирање, исецкаканата кора и сокот од лимон, па оставете да отстои 4 часа. Потоа се ставете во голем сад, варете и оставете 3 минути да зоврие.

Џемот веднаш ставете го во подготвени тегли со механички затворач,добро затворете и свретете ги 5 минути наопаку.

- Реклама -