Познатиот моден дизајнер Марк Џејкобс се појавува во филмот „Disconnect” во кој глуми покрај Џејсон Бејтмен и Алекс Скарсгард.
49-годишниот моден дизајнер го глуми Харви, лик кој е опишан како „лигав тип кој ги мами бездомните малолетнички и низ лаги за подобар живот ги вовлекува во светот на порнографијата и проституцијата“.
Џејкобс, кој е и креативен директор на Louis Vuitton, е еден од главните ликови на футуристичката драма чија цел е да покаже колку луѓето се оддалечиле едни од други поради сѐ поголемото присуство на технологијата во нивните животи.