Мариса Маер од Yahoo е најдобриот шеф во светот

Ако се возбудивте од најавата на iPhone 5 и сакате наскоро да бидете споственик на овој нов телефон размислете за промена на работното место.

Новиот претседател на Yahoo, Мариса Маер, најверојатно е најдобриот шеф во светот, не само што нејзините работници ги добиваат своите плати навремено и ги имаат сите бенефиции, сега ќе имаат и бесплатен смартфон.

Секој работник на Yahoo во САД ќе може да избере кој телефон би сакал да го добие како бонус од компанијата – изборот е помеѓу најновите телефони на Apple, Samsung, Nokia или HTC како дел од програмата “Yahoo! Smart phones, Smart fun!”.

Програмата била откриена во внатрешен меморандум, а извор од компанијата потврдил дека „луѓето се среќни“. Вработените можат да одберат еден од следниве телефони: iPhone 5, Samsung Galaxy S3, HTC One X, HTC EVO 4G LTE или Nokia Lumia 920.

А за понудата да биде уште повозбудлива, сметката на телефонот ќе биде плаќана од компанијата со што дополнително ќе се зголеми моралот на вработените. Параноидните луѓе тврдат дека ова е дволичен обид на Yahoo да ги набљудува своите вработени, но компанијата инсистира дека мотивацијата зад програмата е образовна.

Во меморандумот било објаснето: „Нашата цел е вработените да имаат слични направи како нашите корисници за да можеме да размислуваме и да работиме како повеќето наши корисници.“ Програмата е опишана како „многу возбудлив новитет“. „Веќе започнавме со примање на нарачки од вработените.“ [Marissa Mayer just gave every Yahoo employee an iPhone 5]

- Реклама -