Марија Шерифовиќ по расправијата со Саша Поповиќ, го напушти шоуто „Ѕвезде гранда“. Барем на неколку минути.
Имено додека коментирале за една натпреварувачка, тие развиле дебата дали таа во минатата сезона и била фаворит на Зорица Брунцлик.
На тоа се надоврзала Јелена Карлеуша и се пофалила дека таа седи на нејзиното место, но дека придонесува за гледаноста на ова шоу исто колку и Зорица.
Саша Поповиќ низ смеа кажал дека тоа е точно, и дека Јелена најмногу придонесува за гледаноста на шоуто.
На тој коментар, Марија Шерифовиќ се навредила. Таа кажала дека ако е така, тогаш она нема што да прави тука, го оставила микрофонот ја земала јакната и се упатила кон излезот.
По неколку минути по неа трнале Драган Стојковиќ Босанац и Шабан Шаулиќ. Саша збунет отишол да види што се случува. По 10 мин се вратил и рекол дека Марија се враќа назад.
Таа се вратила назад на сцената, го бакнала Саша во образ како знак на помирување и шоуто продолжило.