Маричиќ: Решен е проблемот со платите на судската полиција

Решен е проблемот со платите на судската полиција, објави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ.

„Во присуство на претставниците на УПОЗ и Независниот синдикат на судска полиција, го потпишав правилникот за зголемување на платите на судската полиција“, соопшти тој на Фејсбук.

Како што истакнува Маричиќ, со ова се решава долгогодишниот проблем на овие службеници кои бараа зголемување на платите.

Решението предвидува процентуално зголемување на платата во зависност од тоа во кој суд работат службениците. Зголемувањата изнесуваат од 8% до18%, информира министерот.

- Реклама -