Кога станува ладно речиси е незамисливо да се излезе од дома без шал или марама, а има и од оние кои и преку лето е незамисливо да се одвојат од нив. Без разлика колку и да го сакаме покривањето на вратот со овие модни додатоци, проблемот со нив е секогаш ист- како да ги чуваме, а плакарите и фиоките да не изгледаат неуредно и преполно.
Да се решите од овој проблем, за вас најдовме две решенија кои ќе ве спасат од тој неред.
Марамите и шаловите лесно ќе ги организирате со помош на обичните закачалки (дрвени или пластични) и прстените за завеса (важно е да има јаз за да се стават во закачалката).
Сѐ што треба да направите е да ги протнете прстените на долниот дел од закачалката и имате совршено место за чување на организирани и прегледни марами, шалови во плакарот.
Другиот начин ќе ви помогне да имате поуредна фиока. Измерете ја висината на фиоката и според неа исечете парчиња од пластични цевки. Распоредете ги парчињата пластични цевки во фиоката, завиткајте ја марамата или шалот и сместете ја во цевката. Многу едноставно и ефектно.