Мараја им дава отказ на дадилките штом децата ги засакаат: Јас сум поважна

Во едно радио интервју, Мараја Кери (43) открила дека поголемиот дел од времето не знае каде е нејзиниот маж, но знае дека дадилките кои се грижеле за нејзините деца повеќето се наоѓаат на пазарот на трудот. Пејакчата често ги менува дадилките за своите близнаци Морокана и Монро (2) затоа што не се држат до нејзините правила.

– Ги менувам додека не „трепнеш со окото“. Не ми е мило, но морам да им дадам отказ ако на моите деца дадилките им станат поважни од мене- рекла дивата, не објаснувајќи зошто сама не се грижи за своите деца.

Во радио емисијата Кери пристигнала со обезбедување и мајстори за осветлување иако светлото не било потребно за едно такво интервју. Во текот на целото интервју не ги симнала очилата за сонце и пиела шампањ. Таа рекла дека Денот на вљубените нема да го прослави со својот сопруг Ник Кенон (33) затоа што многу работи и никогаш не е дома.

- Реклама -