Мапа на земји со најголем ризик од природни катастрофи

Според Светскиот извештај за проценка на ризик, кој секоја година го објавува Универзитетот за животна средина и безбедност, Италија – која денес ја погоди разорен земјотрес, е меѓу европските земји кои се најзагрозени од природни катастрофи.

Извештајот вклучува ризик од земјотреси, урагани, поплави, суши и од зголемување на нивото на морето.

Единствените европски земји што се поранливи од Италија се Холандија, Грција и Турција, како и Албанија, која е убедливо позагрозена од сите други земји на континентот.

На скала од 1 до 5, Албанија има највисок ризик од 5-ти степен, додека Грција, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Романија имаат ризик од 4-ти степен. Македонија и Бугарија се некаде на средина, со степен на ризик од 3-то ниво.

Најбезбедна земја во ранг-листата е Катар, а ја следат Малта и Барбадос.

org-file_14720497923[1]
Клик за зум на сликата

10 најризични земји:

1. Вануату
2. Тонга
3. Филипини
4. Гватемала
5. Бангладеш
6. Соломонски Острови
7. Коста Рика
8. Камбоџа
9. Ел Салвадор
10. Источен Тимор

По нив следат:

11. Папуа Нова Гвинеја
12. Брунеи
13. Маврициус
14. Никарагва
15. Јапонија
16. Фиџи
17. Гвинеја-Бисао
18. Виетнам
19. Чиле
20. Јамајка

20 најбезбедни земји:

1. Катар
2. Малта
3. Барбадос
4. Саудиска Арабија
5. Гренада
6. Исланд
7. Кирибати
8. Бахреин
9. Обединети Арапски Емирати
10. Шведска
11. Финска
12. Египет
13. Норвешка
14. Израел
15. Сингапур
16. Естонија
17. Сејшели
18. Швајцарија
19. Луксембург
20. Оман

Њузвик, Србија

- Реклама -