Следниот пат кога ќе патувате надвор од земјава, не правете погрешни избори. Веднаш посегнете по најдоброто.
Америка сака Bud Light, Британија сака Carling, Ирска обожава Guinnes, Северна Кореја ужива во Taedonggang, а Македонија во Скопско. Овие се заклучоците што можат да се извлечат од најновата мапа на најпопуларните пива низ светот. Дело е на вебсајтот Vinepair, кој е специјализиран за алкохолни пијалоци.
Како што се гледа од мапата, во многу земји за најдобро се смета токму некое од домашните пива. Покрај Скопско во Македонија, други такви примери се и Red Stripe Lager во Јамајка, како и полското Tyskie, кое е најпопуларно, се разбира, во Полска.
Што се однесува до Балканот, во Грција за најдобро се смета Mythos, во Бугарија – Kamenitza, во Србија и Босна – Jelen, а во Хрватска – Ožujsko
Мапата исто така ги покажува и омилените пијалоци во земјите каде што алкохолот е забранет, како на пример Иран, каде најпопуларно е безалкохолното пиво Delster, или Саудиска Арабија каде го преферираат безалкохолното Moussy.
Како што велат од Vinepair, мапата е базирана врз податоците од Euromonitor, како и врз потрошувачките извештаи од опфатените земји.
Не само што мапата претставува интересен увид во интернационалните пивски навики и преференци, туку е и прекрасен водич кон најдобриот избор на пиво, каде и да патувате.
Во реална големина, мапата можете да ја погледнете ТУКА.