За сите кои сакаат да се доселат и работат во Германија е подготвена мапа која ќе им помогне.
На веб-страницата на германската влада има мапа на која се дадени детали каде се најпотребни квалификувани работници во Германија.
Црвената боја ги означува федералните држави каде работниците се најпотребни. Колку е поинтензивна црвената, толку повеќе работници фалат. Се бараат работниците од областа на занаетчиството, техниката и здравството.
Од 1 март ќе стапи на сила Законот за имиграција за квалификувани работници во Германија. Но, тој освен предности, ќе има и ограничувања.
Професионалците и нивните роднини кои доаѓаат во Германија би требало да добијат поголема поддршка од компаниите кога бараат сместување и спрема институциите.
Земјата сака целосно да го искористи и својот домашен потенцијал за работа.