Манијак малтретира девојче, патниците во трамвајот си свиркаат (видео)

Поразителна снимка се врти деновиве низ нашиот комшилук. Српското МВР објави дека е уапсен 37-годишен маж, кој сексуално нападнал и вознемирувал 12-годишно девојче во трамвај во Белград. Токму тоа е чинот што се одвива на снимката. Но колку и да е грозна глетката, највознемирувачко во целата ситуација е нереагирањето на останатите патници. Од лавината реакции по социјалните мрежи, луѓето се запрепастени: Како може некој ова да го сведочи без да изреагира, па макар и само да му каже на возачот?

На манијакот, патем, ова не му бил прв напад во белградскиот јавен превоз. По видеото се пријавила уште една девојка која му била жртва.

via АКО.мк

 

- Реклама -