Манекенката со витилиго заблеска на Модната недела во Њујорк

Храбрата манекенка Вини Хароу (20), која боледува од витилиго, им пркоси на модните правила и истакнува дека е апсолутно горда на својата кожа, и дека никогаш не би се променила себеси.

Изминатата година нејзиното име стана глобално познато во светот на модата, а убавата манекенка во моментов е и заштитно лице на светски познатиот бренд „Desigual“.

84222_profimedia0218093794--4_630x0

Атрактивната 20-годишна Канаѓанка, чие вистинско име е Шантел Браун Јанг, е мошне барана благодарение на нејзината уникатност, харизма и позитивен дух.

84221_profimedia0218093315--3_630x0

Токму поради тоа, поранешната учесничка на „America’s Next Top Model“ е постојана ангажирана на разни проекти, меѓу кои и најновата колекдија за Дизел.

84220_profimedia0218150353--2_630x0

Вини Хароу испиша нови правила во светот на модата, и секојдневно ги инспирира девојките ширум светот со својата самодоверба.

84219_profimedia0218230244--1_630x0

- Реклама -