„Тоа што го ветивме на граѓаните, го исполнивме. Се намалува невработеноста, се зголемуваат платите, се грижиме за најзагрозените категории на граѓани, вложуваме во инфраструктура, не се градат споменици и барок, немаме масовна кpaжба на парите на граѓаните туку тие се враќаат назад кај нив“, порача потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски на денешната граѓанската трибина „На прав пат“ во Македонски Брод.
Манчевски додаде дека со мерките кои и досега се реализирале, се создале можности за младите луѓе:
„Нема да имаат потреба младите да бараат да се вработат во јавниот сектор, бидејќи денес Владата дава поддршка за сопствен бизнис и наместо да бараат работа, тие да започнат сопствен бизнис и да вработуваат нови луѓе“.
Тој истакна дека дојдено е крајно време да се стави крај на поделбата на граѓаните на ваши и наши или поделба по било каква основа, затоа што сите мерки кои ги реализирала владата важат за сите граѓани подеднакво.
„Јас сум цврсто убеден дека нашата држава по 12 април ќе продолжи по тој пат, по патот на напредокот, по патот по кој сите ќе имаат шанса за успех“, додаде тој.