Изборот пред граѓаните е многу јасен. Едниот е правиот пат, кој значи градење на патишта, раст на платите, влез во ЕУ и НАТО и владеење на правото. Другата опција е ВМРО-ДПМНЕ, односно опција на неизвесност, порача денеска потпретседателот на СДСМ – Дамјан Манчевски, на трибината „На прав пат“ во Македонски Брод.
„Прво бараа избори, добија избори, ама допрва ќе пишувале програма. Воопшто не е јасно што сакаат ВМРО-ДПМНЕ. Дали се за раст на плати и како ќе ги зголемат платите, дали се за раст на даноци или дали се за владеење на правото“, обвини Манчевски.
Единствено за што јасно се залага ВМРО-ДПМНЕ е враќање на Никола Груевски во државата, рече тој, додавајќи:
„Да нема дилеми, и ние сме за Груевски да се врати во државата, ама за да одговара пред судовите и тоа ќе се случи. И со него и со сите кои биле вмешани во каков било кpиминал“.