Малолетен ученик вчера во основно училиште во Чаир извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, по што ѝ го предал на директорката на училиштето, потврдија од МВР за МИА.
„Во просториите на основно училиште на подрачјето на Чаир, Скопје, вчера на пладне полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен разговор со малолетник-ученик во училиштето, постапувајќи по претходна пријава од директорката на училиштето дека извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, а потоа ѝ го предал на неа“, наведуваат од МВР.
Известен е дежурен јавен обвинител за малолетници, како и Центарот за социјални работи за натамошно постапување, пренесува МИА.