Кога веќе етаблираниот фотограф Сандро Милер решил да прави проект во чест на фотографите кои му биле инспирација и со тоа му ја обликувале кариерата, му се јавил на долгогодишниот пријател и чест соработник – легендата Џон Малкович. Овој инстантно се согласил, и така настанува фото-серијалот „Малкович, Малкович, Малкович: Омаж кон фотографските мајстори“ – брилијантна колекција од 35 рекреации на легендарни портрети, во кои овој пат главна ѕвезда е Малкович, нели.
Проектов не само што зборува за вештината на Сандро – доловувајќи ја секоја фотографија како да е фотошоп, туку и за тоа каков актерски камелеон е Џон Малкович.
„Тој е најбрилијантната личност што ја познавам. Неговата генијалност е неповторлива. Ќе предложам расположение или идеја и во следниот момент Џон веќе се преобразува во карактерот, директно пред моите очи. Навистина сум благословен да го имам за пријател“.