Новороденче на возраст од пет дена, е хоспитализирано на нашата клинича болница поради сложена срцева мана Пенталогија на Фало, која се карактеризира со цијаноза (помодрување) односно пад на кислородната сатурација.
Од третиот ден после раѓањето бебето е со појава на цијаноза и десатурации. Поради што е префрлено на детска клиника, а од таму после констатирање на вродена срцева мана во нашата клиника Жан Митрев.
Кај новороденчето се работеше за една комплекса цијаногена срцева мана Пенталогија на Фало ( покрај карактеристичните 4 карактеристични мани кај нашиот пациент имаше и уште една аномалија а тоа е комуникација помеѓу двете предкомори на срцето). Поради сложеноста на маната веднаш по приемот кај новороденчето се продолжи со простагландинската терапија која служеше да остане една комуникација која е присутна во феталниот период (Дукутус артериозус) а во случајот со нашиот пациент го овозможуваше снабдувањето на белите дробови со крв.
Поради постојаното присуство на цијаноза се одлучи веднаш да се оперира нашиот пациент. При самата операција се корегираа сите аномалии на срцето кој беа присутни кај нашиот пациент. Постоперативниот третман се состоеше од редовно следење на сите витални параметри и комплетна медикаментозна подршка.
Во тек на следните денови постапно се стабилизраше неговата општа состојбата поради што брзо отпочнавме да го храниме новородечето, првично со млечна формула а по доаѓање на мајката во болницата и со доење.
После десетина дена престој во нашата болница новороденото во солидна стабилна состојба замина дома со своите родители. После комплетната хируршка корекција на срцевата мана кај нашиот пациент следи период на нормалено растење и развој без потреба од повторни хируршки интервенции.