Еве како да подготвите вкусни крофни, што не се премногу мрсни.
Мирисот на жешки крофни се шири во кујната, а вашите домашни едвај чекаат да грицнат од своето омилено слатко. За вкусот да биде врвен, важно е да се меки и да не се премногу мрсни.
Поради тоа ви претставуваме ефикасни трикови што ќе ви помогнат да испржите совршени крофни.
– Неопходно е сите состојки да бидат топли, односно на собна температура. Брашното можете да го загреете во рерна на температура од 20 степени, околу 2 минути.
– Додадете во смесата лажичка ракија за крофните да ја впијат маснотијата, за време на пржењето. Исто така, секогаш водете сметка температурата на маслото да биде доволно висока. Доколку температурата спадне, ќе добиете мрсни крофни, кои нема да бидат многу привлечни.
– Прашокот за пециво ќе спречи претерано создавање на дупки во крофните, па додадете во вообичаениот рецепт, барем половина кесичка.
За крај, еве еден рецепт за вкусни и посни крофнички.