Не е лесно да се живее со толку многу first world проблеми, но за среќа, иновативниот дизајн може да нé поштеди од дел од нив. Кога решението е лесно и едноставно, нели е греота да не го гледаме во секојдневниот живот?
На пример:
1. Во јапонската верзија на Pringles има пластична „алатка“ што го извлекува чипсот, за не морате да се измрсите до лакт за да ги земете последните неколку парчиња.
2. Чаши со посебни рачки кои овозможуваат да носите две и повеќе чаши во една рака одеднаш.
3. Дигитална табла што покажува што и колку има на залиха (во барови, ресторани за брза храна и слично).
4. Си отишол на рандом вински фестивал и тебе ти се паднало ред да земеш вино за друштвото. Наместо да одиш X пати, сето тоа може да се изведе и од прва.
5. Ти текна да ги земеш чечкалиците на 1-ви мај? Нормално дека не. Затоа, пластичен прибор со вградена чечкалица.
6. Кеса за пица.
7. Носиш две кафиња/две пива и наидуваш на незгодна врата што треба да ја отвориш со лакт или со чевлата, ризикувајќи сé што носиш да истуриш. А толку е лесно решливо.
8. Лупа на количките за пазарење. Прашајте ги продавачите во маркетите колку пати на ден некоја баба или постаро лице ги прашува што пишува во тоа ситните букви на етикетата.
9. Посебна преграда за сосот за компирчињата, за тие што преферираат да мацкаат.
А кога веќе служиш храна во картонски фишек, зошто да немаш и соодветна маса?
10. Ми текнуваат милион ствари за кои би ми се нашле вакви ножици. Треба да ги има секоја куќа.
11. Кондоми за да не ти ветрее отвореното вино. Постојат, ама ние бараме да се евтини и широко распространети. Ако можат Durex да се ~30 ден/парче, можат и овие за вино.