Жителите на Малдиви почнаа да штедат за да си купат нова татковина бидејќи нивната се предвидува да исчезне како резултат на климатските промени. Поголем дел од Малдивите, синџир од 1.200 острови во Индискиот Океан, е едвај 1.5 метри над морското ниво, а највисоката точка е само 2.4 метри над морското ниво.
Жителите на Малдиви почнаа да штедат за да си купат нова татковина
бидејќи нивната се предвидува да исчезне како резултат на климатските
промени. Поголем дел од Малдивите, синџир од 1.200 острови во Индискиот
Океан, е едвај 1.5 метри над морското ниво, а највисоката точка е само
2.4 метри над морското ниво.
Mohamed Nasheed, првиот демократски избран претседател на Малдивите, објави дека дел од билионските суми од приходите што на земјата и ги носи туризмот, ќе бидат ставени на страна како осигурување доколку се случи најлошото. Тој веќе има на ум неколку земји кои би можеле да им продадат земја на жителите од Малдивите. Шри Ланка и Индија се во тесниот круг поради сличната култура и клима. [Paradise almost lost: Maldives seek to buy a new homeland]