Ќерката на Дејвид и Викторија Бекам, 19-месечната Харпер Севн викендов го бодреше нејзиниот татко од трибините заедно со постарите браќа.
Целото семејство дојде да му даде поддршка на Дејвид на натпреварот ПСЖ – Нанси што се одигра во саботата, а најмногу внимание прилече малата Харпер. Иако има неполни две години, се чини дека Харпер со големо внимание следеше сѐ што се случува на теренот.
Заедно со Викторија и децата на натпреварот во Париз биле и родителите на Дејвид.