Малата Бисера успешно закрепнува во Жан Митрев клиниката.

Бисера е доенче старо 6 месеци со повреќекратен престој на Клиниката за Детски болести, и еден претходен престој во нашата клиника поради оклузија на десната брахиална артерија пропратено со некроза надисталните фаланги на вториот и третиот прст десно.

При овој прием Бисера дојде, хипотрофична, хипотонична, вознемирена, со намеалено поткожно ткиво (тенка кожа) со бројни хематоми од претходни боцкања. Бисера отежнато дишеше и имаше изразен интеркостален тираж. Психо-моторниот развој кој многу заостануваше за нејзината возрас од 6 месеци. Бисера имаше и пареза на левата рака. На приемот кај нас Бисера тежеше 2920 грама – вели доктор Ѓорѓи Филев, педијатар во Zan Mitrev Clinic.

По првичните обемни лабораториски, микробиолошки и имиџинг иследувања почнавме Бисера да ја храниме со хиперкалориска и антирефлуксна формула во почеток со помали дози кои постапно се зголемуваа Ја храневме преку назогастрична сонда затоа што Бисера го имаше изгубен рефлексот за цицање.

Хроничниот белодробен наод е лекуван со инхалации со бронходилататори кој Бисера добро ги поднесе и во тек на следните денови постапно со подобрувањето на дишењето се намалуваше кислородната подршката.

По добивањето на позитивните микробиолошки наод од грлото и хемокултурата кај Бисера е вклуичена и антибиотска тепија надополнета и со пробиотик за да не се наруши природната цревна флора.

Интензивно е спроведувана и физикалан терапија за подобрување на моториката и воопшто на циркулацијата низ целото тело, по што Бисера беше се повесела и се повеќе се гледаше насмевка на нејзиното лице. После десетина дена ја повикавме и нејзината мајка и сега се тие две заедно грижејќи се за здравјето при тоа следејќи ги препораките на нашите доктори.

Во овој краток период во нашата клиника на наше огромно задоволство можеме да информираме дека Бисера ја зголеми својата телесна тежина од 2920 грама на 4000 грама.

Сепак, и покрај позитивниот резултат во психо-моторната и здравствена состојба кај Бисера престои уште терапевски процедури кој треба да се спроведат за да може целосно да се излекува.

Максимално ќе се грижиме и понатаму за овој наш мал пациент за што ќе ја информираме јавноста.

- Реклама -