Ела Џенкинс речиси три месеци живее во куќа голема колку метален контејнер, односно 12 квадратни метри. Нејзиниот очув ѝ помогнал да ја изгради куќата, а со минималистичкото еко-живеалиште, Ела е дел од трендот на живеење во минијатурни куќи, кој, пак, се движи по нагорна линија.
Пред да се всели во својата мини-куќа, Ела била опседната со облека. Вели дека со промената на живеалиштето конечно успеала да се одвикне од интензивното консумерство и да стане поуредна и поорганизирана. Исто така, вели дека се чувствува послободно, бидејќи можела да донесе само онолку работи колку што навистина се потребни за нормален живот.
Минатата година таа купила кутија со алати потребни за оваа минијатурна куќа и заедно со очувот ја изградиле во Half Moon Bay. За изградбата на куќата Џенкинс потрошила вкупно 16.000 долари.