Со мал трик, до совршен помфрит испечен во рерна

Помфритот е едноставно неодолив, и покрај тоа што устата на нутриционистите пена им фати од предупредувања околу него и пржењето како метод на подготвување на храната. Како вкусен компромис, следниот пат можете да ги подготвите со мал трик, кој всушност е и поздрава варијанта од вообичаеното спремање на компирчињата.

Исечените компирчиња, потопете ги во белка од јајца, во која се помешани зачини по желба. Потоа ставете ги на хартија за печење, или подмачкана тепсија, и ставете ги во загреана рерна, на температура од 220 степени. Се печат додека не поцрвенат.

pomfrit 2

Белката, при печењето, ќе ги направи покрцкави, а бонус е што компирчињата нема да бидат натопени во масло за јадење.

- Реклама -