Обично, луѓето се восхитуваат на пространи и луксузно опремени станови, но ова е еден од ретките минијатурни апартмани кои многумина би посакале да се нивен дом. Иако станот е широк само 39 метри квадратни, сепак, во него одлично се вклопени сите предмети кои се потребни за удобно живеење.Освен многубројните прозорци кои даваат пријатна светлина во домот, ѕидовите се украсени со едноставни уметнички слики, светилки и списанија. Белите ѕидови, сивиот мебел и внимателно одбраните декоративни елементи, го прават овој дом да изгледа како навистина свежо и комфорно катче кое секому ќе му се допадне.