Макрон: Коронавирусот го доведува во прашање опстанокот на ЕУ

Пандемијата на Ковид-19 претставува егзистенционална закана за Европската унија, предупреди вчера францускиот претседател Емануел Макрон на конференцискиот повик со останатите лидери на ЕУ. Ако тие потфрлат во искажување солидарност во оваа криза, ќе се доведат во прашање основите на Унијата, порачал Макрон, пренесува „Ројтерс“.

„Она што е под ризик е опстанокот на Европскиот проект. Ризикот со кој се соочуваме е cмpтта на Шенгенот“, додал Макрон.

Ваквата изјава на Макрон доаѓа во момент кога Европската унија ја одбележува 25-годишнината од Шенгенскиот договор со, иронично, затворени граници кои подлежат на темелни проверки, а во обид да се спречи дополнително ширење на коронавирусот.

Шенген, односно зоната без граници, стапи во сила на 26 март, 1995 година.

 

- Реклама -