Тој ја поздрави и посветената работа на досегашниот претседател Стево Пендаровски, но посочи и дека Франција ќе продолжи да ја поддржува европската иднина на земјата
Францускиот претседател Емануел Макрин на неговиот фејсбук-прифил со порака на македонски јазик и ја честиташа победата на идната претседателка Гордана Силјановска-Давкова на претседателските избори кои вчера се одржаа.
Тој ја поздрави и посветената работа на досегашниот претседател Стево Пендаровски, но посочи и дека Франција ќе продолжи да ја поддржува европската иднина на земјата.
„Се отвара нова страница кај нашите македонски пријатели. Ја поздравувам храбрата посветеност на Стево Пендаровски, а на Гордана Силјановска Давкова ѝ ги упатувам моите срдечни честитки за изборот за претседател. Франција останува на страната на Северна Македонија за да ја придружува во реформите и нејзината европска иднина“,
напиша Макрон на Фејсбук.
Претходно на победата на Силјановска-Давкова и ја честиташе и украинскиот претседател Володимир Зеленски, а честитки и упатија и претседателите од соседните земји.