Макрадули на „отстрел“, ќе одговара на прашања за загадувањето на Фејсбук

Се очекува денешната да биде тешка вечер за заменик-министерот за животна средина – Јани Макрадули. Како што е најавено на Фејсбук страната „План за чист воздух“, денеска во 20:30 часот, во живо на Фејсбук на посочената страна, Макрадули ќе одговара на прашања на граѓаните поврзани со аерозагадувањето и плановите и мерките на Владата во борбата за подобрување на (не)квалитетот на воздухот. Освен на страната, прашања граѓаните ќе можат да поставуваат и на Твитер, под хаштагот #ЗаЧистВоздух.

Граѓаните, свесни дека се трујат, започнаа со прашања уште веднаш. Ќе биде ова долга вечер за Макрадули, е првиот впечаток.

- Реклама -