Макпетрол АД Скопје продолжува да инвестира во сопствени, нови капацитети и истовремено продолжува и понатаму со зацртаниот инвестициски циклус. При тоа, со постојана тимска работа на стручниот и професионален кадар, Макпетрол АД Скопје ги имплементира највисоките европски стандарди во сегментот на трговијата со нафтени деривати.
Денеска во 12 часот, свечено беше отворена новата Бензинска станица во близина на Општина Желино, на која присуствуваа високи претставници на компанијата.
„Со работа започнува и оваа, нова бензинска станица. Следуваат уште нови инвестиции со што и понатаму го задржуваме приматот на најголема компанија за дистрибуција и промет со нафтени деривати во републиката. Со зголемувањето на мрежата на бензински станици на нашите потрошувачи им овозможуваме нови содржини, како и подобра достапност на територијата на целата држава. Дополнителен, и исто така важен мотив за нас како компанија, беше креирањето на нови работни места, што ќе бидат обезбедени со отворањето на нови бензиски станици предвидени со инвестициониот план за оваа година.
Истовремено, оваа бензинска станица ќе биде уште еден мотив плус за учество во големата наградна игра „70 години Макпетрол“ за членовите на Верна програмата за лојалност, меѓу кои Албанците од овој регион се едни од најлојалните потрошувачи на горивата на Макпетрол.“ – изјави Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол АД Скопје.
„Како општествено одговорна компанија, овој период бевме насочени кон соработка со локалното основно училиште „Луиѓ Гуракуќи“ од Желино, општина што се наоѓа во наша непосредна близина. Овој пат учениците од ликовната секција добија задача да ја насликаат оваа бензинска станица, а убавите резултати од нивниот труд, а секако и трудот на нивната професорка, можеме да ги видиме“. – додаде Тасевски.
На настанот претставниците на Макпетрол АД Скопје ја предадоа донацијата на основно училиште „Луиѓ Гуракуќи“ од Желино, а ја прими директорот Рухи Демири кој изрази голема благодарност и потенцираше дека е благодарен што постојат компании како Макпетрол АД кои активно помагаат во општеството.
„Дадената донација која ја дибивме е од огромно значење затоа што ќе им помогне на учениците и наставниците во реализирање на бројни настани и проекти. Овој чекор се надевам дека ќе ги поттикне и другите компании да го следат чекорот на Макпетрол АД и да помагаат во општеството“ – изјави Рухи Демири, директор на ОУ „Луиѓ Гуракуќи“.
„За крај, сакам да споменам дека Албанците од овој регион се најлојалните потрошувачи на горивата на Макпетрол АД“. – додаде Демири
„Макпетрол ја заокружи минатата година со одлични финансиски резултати и со исто темпо продолжува и во оваа година. Продолжуваме со изградба на нови, како и осовременување и модернизирање на постојните бензински станици и складови низ републиката. Зацртаниот инвестициски циклус не завршува со оваа бензинска станица – наскоро не очекува отворање на новата бензинска станица во Вевчани.
Во оваа бензинска станица се инвестирани околу 170 милиони денари, а истата ќе обезбеди 10 нови вработувања. При тоа, бензинската станица ги исполнува сите безбедносно – технички нормативи и во потполност ги исполнува современите функционални и естетски стандарди“. – изјави Љупчо Георгиевски, директор на дирекција за малопродажба.
Во согласност со својата корпоративна стратегија, Макпетрол, постојано ги следи навиките на своите потрошувачи и се труди на најдобар начин да им излезе во пресрет. Покрај загарантираниот квалитет на горива кои ги нуди компанијата на македонскиот пазар, секогаш ги следи најновите достигнувања во дистрибуцијата на нафтените деривати.
„Оваа модерна бензинска станица, 126-та по ред во синџирот на Макпетрол, на нашите потрошувачи ќе им овозможи користење на сите деривати и течен нафтен гас, како и дополнителни услуги кои ќе можат да ги добијат во современата продавница“ – додаде Георгиевски.
Продолжуваме со квалитетно, сигурно и економично снабдување со нафтени деривати, гас и био горива што претставува гаранција дека Макпетрол и понатаму ќе биде водечка компанија на македонскиот пазар, секогаш подготвена да одговори на растечките енергетски потреби на општеството. – додадоа од компанијата.
Во соработка со Макпетрол АД