Ново истражување покажува дека пред да ја најде љубовта на својот живот, една жена доживува во просек четири кошмарни средби, се заљубува два пати, живее со партнерот еднаш, бакнува вкупно 15 мажи и има секс за една ноќ четири пати.
Од друга страна, мажите имаат секс за една ноќ во просек шест пати пред да се состанат со идеалниот партнер. Овие вредности може и да се променат, бидејќи одделно истражување покажува дека мажите се помалку се плашат од поврзување.
Британското истражување кое било направено со помош на 2000 полнолетни мажи и жени покажува дека мажите сакаат да се „закотват“ со една помлада жена, многу повеќе сега, за разлика од пред десет години.
Просечната жена е подготвена за сериозна врска по 22-та година, што е за две години помалку во споредба со податоците од пред десет години. Мажите исто така, почнуваат да живеат со партнер на порана возраст, односно на 25 години. Еден од секои четири неженети мажи вели дека сака сериозна врска и да создаде семејство, а секој петти е загрижен дека ќе остане ерген, додека сите негови пријатели се врзани.
Пред да најдат партнер во животот, мажите одат со 8 различни жени, имаат 3 средби „на слепо” и се среќаваат со три лица од интернет.
За споредба, жените имаат 7 врски, две средби „на слепо” и двајца партнери од интернет.
Мажите имаат во просек по 10 сексуални партнер во животот, а жените – 7. Мажите имаат две врски кои траат повеќе од една година, а жените имаат 5 долгорочни врски.
Шест од десет Британци во даден момент мислеле дека никогаш нема да го запознаат идеалниот партнер во животот. 8 од 10 тврдат дека го сретнале партнерот, кога најмалку го очекувале, а повеќе од една четвртина велат дека актуелниот партнер не е нивниот човек.
94 проценти од жените и 88 отсто од мажите веруваат во вистинска љубов.