Ден на жалост: Македонското сонце на пола копје

20150213-zoshto-znaminjata-se-spushtaat-na-polovina-kopje-za-den-na-zhalost-m[1]

8 август 2016. 21 загинати во поплавите во Скопје, а бројката уште не е конечна. Се трага уште најмалку по две лица.

„Владата донесе одлука за постоење на кризна состојба во скопскиот и тетовскиот регион во траење од 15 дена, како и одлука за доделување на еднократен паричен надомест во висина од 300.000 денари за семејствата на загинатите граѓани“, се вели во соопштението на Владата.

Во истото се наведува дека Дирекцијата за заштита и спасување е задолжена целокупната опрема од сите региони во државата целосно да ја ангажира секаде каде што е потребно во кризните региони, а се препорачува и општините кои располагаат со вакуум цистерни да ги стават истите на располагање на Град Скопје.

Над 1.000 луѓе се евакуирани, а околу стотина се повредени во поплавите. Најтешко се погодени Стајковци, Ченто, Смилковци, Арачиново, а и Инџиково.

Затоа денес Македонија прогласи ден на жалост, во чест на загинатите.

- Реклама -