Македонските кошаркарски јуниори се пласираа во полуфиналето на ЕП

Во полуфиналето нашиот национален тим ќе игра против подобрата репрезентација на натпреварот Швајцарија – Бугарија, кој се игра од 21.часот во салата на СРЦ „Кале“

Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација ја совлада Португалија со 71:42 во четвртфиналето на Европското првенство „Б“ дивизија кое се одржува во Скопје.

Младите кошаркари предводени од селекторот Андреевски одиграа меч во кој водеа од самиот почеток до крајот.

Македонија влезе меѓу најдобрите четири на еврошампионатот и само една победа ја дели од пласман во А-дивизијата.

Марко Лукановски оствари дабл-дабл ефект од 17 поени и 14 скока, додека капитенот на тимот, Никола Јаничиќ застана на 16 поени, 7 скока и 4 асистенции.

Во полуфиналето нашиот национален тим ќе игра против подобрата репрезентација на натпреварот Швајцарија – Бугарија, кој се игра од 21.часот во салата на СРЦ „Кале“.

- Реклама -