Македонски шарпланинец првак на Европа

sarko1_ppМакедонски шарпланинец е прогласен за првак на Европа на изложбата за
кучиња што се одржа викендов во Загреб. Во силна конкуренција, каде што
учествуваа повеќе од 10.000 кучиња од цела Европа, шарпланинецот Гани
Корабски, ги освои највисоките оценки од судиите, победувајќи
неколкукратни прваци од разни кучешки раси.


Македонски шарпланинец е прогласен за првак на Европа на изложбата за кучиња што се одржа викендов во Загреб. Во силна конкуренција, каде што учествуваа повеќе од 10.000 кучиња од цела Европа, шарпланинецот Гани Корабски, ги освои највисоките оценки од судиите, победувајќи неколкукратни прваци од разни кучешки раси.

sarko1

– Ова е првпат куче од Македонија да ја понесе наградата европски првак, а наедно стана и првиот шарпланинец од Македонија што се закитил со ваква награда. Осумнаесетмесечниот шарпланинецот Гани ги засени повеќето расни кучиња, каде што имаше и шампиони на Франција, Финска, Унгарија, Хрватска, Србија…

– Оваа победа не е битна само за кучето и за раса, туку и за цела Македонија – изјави Нацко Саловски, од одгледувачницата „Кораб“ од чие легло потекнува и сегашниот европски првак.
 
Одгледувачницата за шарпланинци „Кораб“ е регистрирана во Светската кинолошка федерација.

виа.

- Реклама -