„Скопски улични музичари“ веќе стана традиционален настан, а годинава истиот ќе биде збогатен и со рок бендови.
Според програмата, свирки ќе има секој петок, од 20.30 до 22.30 часот, како и сабота – претпладне од 10 до 12 часот, до крајот на септември.
Целта на Градот Скопје и Универзалната Сала е да се разбие летната викенд монотонија на градот, да понуди едно богато музичко освежување на своите граѓани и забава под отворено небо за сите генерации.
Во петок, 27 јуни, летните рок-свирки ќе ги отвори бендот „Пазл“ (Puzzle) на Плоштадот Македонија со почеток од 20.30 часот .
Фото: Скопјеинфо