Македонски археолог до бугарските антимакедонисти: Го разбирам вашиот историски психолошки комплекс

Пишува Зоран Георгиев, археолог, за „Плусинфо“

Moжеби ќе е излишно, но, дај Боже, да биде полезно моето добронамерно обраќање до вас, комшии Бугари, зафатени од нерационална антимакедонистичка треска. Ќе говорам како Македонец, во свое име и по свое сознание, а вие слободно помножете барем со еден милион, без дијаспората.

Јас имав прадедо комита-автономист и татко партизан, комунист-идеалист. Тие, дедо и внук, секој во своето биолошко и историско време, нарамиле пушка и ставиле глава во торба за еден ист идеал: Македонија на Македонците. За нив тие имиња биле свети зборови. И треба да разберете зошто тие за мене не може да бидат помалку свети. Во спротивно, не можеме да бидеме пријатели. А треба да бидеме.

Националната припадност е лично чувство и интимна определба. Поданичкиот статус е сосема друго. Тој може да биде наследен или своеволно избран или – како во злата историја на Македонците – да биде изменливо наметнуван. Вие, во својата пропаганда против „македонистите“, се повикувате на „декларирања“ во документи од минатото, а нив по клише ги правеле окупаторски режими. Така, мојот прадедо (комитата) бил „Бугарин“ оти при крштевање така го запишал егзархиски поп во Отоманската држава. Татко ми бил пишан со „иќ“ без да го прашаат, а во 1941-та му вденале „ев“ и тој веднаш се почувствувал толку „Бугарин“ што станал „шумкар“.

Простете за дигресијата, ама едно не можам да прескокнам: не сум прочитал ништо посмешно од вашата Википедија, каде велите дека македонските партизани (сите до еден, вклучително и мојот татко) биле „блгарски партизани“! … Целата колумна прочитајте ја ТУКА.

- Реклама -