Македонската Википедија надмина 10.000 статии

wikiНа 22 јуни, mk.wikipedia.org, македонската едиција на Википедија,
популарната Интернет-енциклопедија, ја доби својата 10.000 статија. Со
тоа македонската Википедија и официјално се вброи во категоријата
поактивни и поголеми јазични едиции на Википедија.


wikipediaНа 22 јуни, mk.wikipedia.org, македонската едиција на Википедија, популарната Интернет-енциклопедија, ја доби својата 10.000 статија. Со тоа македонската Википедија и официјално се вброи во категоријата поактивни и поголеми јазични едиции на Википедија.

Македонската Википедија е организирано активна од почетокот на 2005 година, откога бележи постојан раст и во квантитетот и во квалитетот на статиите. Како и другите јазични едиции, Википедија на македонски јазик функционира на принципот „слободна енциклопедија”, што значи дека корисниците на енциклопедијата учествуваат во нејзиното создавање. За бројката од 10.000 статии најзаслужна е колективната работа на дваесетина постојано активни корисници, како и над илјада регистрирани корисници од Македонија, но и од странство: најголем број уредувања има Бојан Јанкулоски, македонски студент во Нов Зеланд. За нормалното функционирање на енциклопедијата се грижи тим од осум администратори. [Википедија]

виа.

- Реклама -