Македонската „Сложувалка“ со интернационална награда

slozhuvalka[1]

Македонскиот документарен хип хоп филм „Сложувалка“ се враќа со награда од фестивалот Dok’ n’ Ritam, кој годинава од 24 до 26 јуни за првпат се одржа во Белград. Платформата на фестивалот се заснова на музички филмски документарци, а во конкуренција од повеќе филмови, „Сложувалка“ доби специјална награда уметничка искреност. За успехот на филмот во Србија говори и фактот дека истиот од гласовите на публиката го освои второто место и за интересот на гледачите за неговата презентација.

3

Филмот е реализиран од страна на Александар Ковилоски, Ѓоре Милевски и Небојша Милосављевиќ, членови на oрганизацијата Хип Хоп Македонија, и на уметнички начин го прикажува сложувањето на деловите од приказната за македонскиот хип хоп. Во него учество земаат најпознатите македонски хип хоп артисти и активисти од почетокот на создавањето на макрап сцената до денес.

2

Хип хоп документарецот во текот на месец мај на манифестацијата МАН (Македонски Алтернативни Награди) ја освои наградата за најдобар македонски документарец за 2015 година. Следниот фестивал на кој „Сложувалка“ ќе биде прикажан е популарниот хрватски DORF фестивал, на 12 август оваа година. Претходно, филмот ги доби и симпатиите на уметничкиот филмски IOF фестивал во Бангладеш, на почетокот од јуни годинава. Ова е уште еден успех и уште еден пример за искрените обиди на македонските уметници да ја претстават македонската култура надвор од сопствените граници.

- Реклама -