На 26 декември (четврток), со почеток во 20 часот во МОБ, ќе се одржи традиционалниот новогодишен концерт на Македонската филхармонија,под диригентската палка на маестрото Борјан Цанев.
Во програмата е предвидени дела од Моцарт, Гуно, Росини, како и традиционалните валцери, полки и мазурки од семејството Штраус.
Билетите се пуштени во продажба во билетарницата во Домот на АРМ, по цена од 600, 800 и 1.000 денари.