Издавањето поштенски марки од името на една држава е многу сериозна и одговорна дејност. Но нестручноста, незнаењето и неодговорноста на најодговорните за оваа работа нас нè следат од поодамна, пишува порталот „МКД“ откако „Македонска пошта“ се прослави во регионот и пошироко кога на Денот на победата над фaшизмoт издаде cкaндaлозна поштенска марка со картата на профaшиcтичката Независна држава Хрватска (НДХ), поради што државава си доби протестни ноти од Србија и Босна и Херцеговина, а мораше и да се им се извини на Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
И АД „Пошта на Северна Македонија” – Скопје се извини за „ненамерната грешка и техничките пропусти“ при објавувањето на „пригодната поштенска марка од серијата ‘Северна Македонија во ЕУ’ “, чија цел била, како што рекоа, да се изрази благодарност до Хрватското претседателство со ЕУ за помошта и поддршката која Република Хрватска ѝ ја дава на нашата држава.
Сепак, овој катacтрофален пропуст, кој (наводно) несреќно се поклопи со Денот на победата над фaшизмот, дополнително разоткри и многу други пропусти во начинот на издавање поштенски марки во Македонија, пишува „МКД“.
Така, на пример, издадени се поштенски марки на кои наместо „Македонија“ пишува „Макдонија“ (15.1.2013, со мотив авион, вредност 40 денари). На друга марка, на која треба да стои црковна икона од Македонија, поставена е странска икона. Понатаму, на марка со руски астронаут нацртан е американски шлем, а на друга игуаната е претставена како често домашно милениче во нашите краишта… Повеќе примери и целиот текст ќе ги најдете ТУКА.