Мартина Димовска е поп пејачката која одамна ја немаме видено на музичката сцена.
Најверојатно во тоа и попречи забранетата љубов. Таа од неодамна е во холивудска идила со нејзиното момче Антонио Парапуловски, бизнисмен од Скопје, пишува порталот Либертас.
– Мајка ми и баба ми не сакаа да слушнат да се омажам за Антонио. Им пречи дека е постар 15 години и оти претходно бил женет и има дете. Јас и Антонио вели Мартина сковавме план,тајно да се венчаме и да заминам од дома бегалка, вели Мартина за Либертас.
Поп пејачката така и направила. На домашните им рекла дека ќе оди до банка, а таа заминала во матично.