Македонија се збогуваше со Дуле

Скршени од болка и со солзи во очите, денеска река од луѓе се збогуваше со Дуле. Неговите родители, пријателите, и љубителите на неговата музика се собраа да му оддадат почит на Душан Љубисављевиќ, познат како дел од дуото Дуле и Коки, кој денеска во 14 часот беше погребан во својот роден град Штип, каде е воедно прогласен ден на жалост.

Дуле почина вчера околу 11 часот на Ургентниот центар во Скопје на клиниката за токсикологија.

dule3

- Реклама -