Над 44,7 отсто од младите луѓе во земјава се невработени, тие се повеќе одлучуваат да мигрираат во развиените странски земји. Македонија веќе остана без четвртина од своето население, додека оваа тенденција може да се зголеми имајќи ги во предвид искажаните желби на младите студенти дека сакаат да ја напуштат државава по завршувањето на студиите.
Економскиот магазин „Економист„ објави статистика според која нашата земја се наоѓа на осмо место во светот според иселувањето на младите луѓе од државата.
Амбасадорката на САД во Македонија Кејт Мари Брнз која вчера гостуваше на телевизија Сител изрази загриженост заради недостатокот на можности поради која младите ја напуштаат земјата.
– „Она што ме загрижува во врска со младите е негативноста со која се опкружени и не само негативни гласови и притисоци туку вистински пречки како што е корупцијата, недостатокот на можности и пречки за остварување на визијата која што ја имаат за себе,“ кажа Брнз.
Таа истакна дека најмногу ја загрижува негативноста која што ги опкружува младите луѓе како што е корупцијата, недостатокот на можности и пречки за остварување на својата визија и цели. Исто така додаде дека би било многу позитивно за државата доколку голем дел од младите се задржат во Македонија и ја гледаат својата иднина тука.
Извор СИТЕЛ